Одлична партија на Томовски, Миркуловски реди победи

Во 4. коло од Бундес лигата своите натпревари ги одиграа македонските интернационалци, Филип Мируловски, Филип Кузмановски и Мартин Томовски. Единствен кој се радуваше на победа беше Мирклуловски со Вецлар, додека Кузмановски и Томовски беа поразени.

Вецлар на гостувањето кај Бергишер усепа да триумфира со 20:22, а по првото полувреме беше израмнето 13:13. Филип Миркуловски постигна еден погодок за својот тим.

Мартин Томовски имаше добро издание на голот на Лудвигсхафен со седум десет интервенции од кои една од седмерец, но и покрај тоа неговиот тим беше поразен на домашен терен од Магдебург. Гостите триумфираа со 22:28, а по првото полувреме беше 11:13.

Хановер на Кузмановски имаше тешко гостување кај Фуксе Берлин и беше поразен 31:27. По првиот дел домашната екипа имаше само минимална предност од 12:11. Во продолжението Фуксе Берлин најчесто имаше предност од три до четири гола која усепа да ја задржи до крај.

Рајн Некар доживеа изненадувачки пораз од Лајпциг на домашен терен од 23:28. Рајн Некар одигра многу лош натпревар, постојано имаше негатива која во еден момент достигна и десет гола.