„Одличен – пет“ за Талевски, Слобода не успеа против Борац

Тимот на Слобода Тузла, каде што настапува македонскиот интернационалец Јован Талевски, загуби на домашен терен во интересен натпревар од фаворизираниот Борац Бања Лука.

Во натпревар од 16. во коло во Премиер лигата на Босна и Херцеговина, Слобода беше поразена со 27-29.

Македонскиот среден бек беше еден од најдобрите на теренот во домашниот тим и успеа да постигне пет погодоци.

Слобода Тузла има 22 бода, што на средината од шампионатот е доволно за деветтото место, но до крајот има уште 14 кола, па тимот на Талевски сигурно може да се надева на борба за европските купови.