Одигра маестрално во Македонија, па си обезбеди трансфер во ПИК Сегед

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед по Борут Мачковшек од Веспрем, го обезбеди и второто засилување за следната сезона.

Станува збор за десното крило на НЕКА, Даниел Кечкеш, кој беше дел од Ол Стар тимот на последното Светско првенство за кадети одржано во Македонија лани летоска.

Кадетот Кечкеш постигна 34 голови на пет меча и беше еден од најдобрите играчи на Мундијалот, а тоа го забележа стратегот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор и го врза на три години.

Тој ќе биде третото десно крило во тимот, по Богдан Радивојевиќ и Марио Шоштариќ, и веројатно ќе добива поголема шанса во унгарскиот шампионат следната сезона.