Овче Поле СУ со пресврт славеше против Деспина

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет, која обезбеди пласман во плеј-оф фазата, во натпревар од 12. коло од Женската лига на гостувањето во Прилеп кај Деспина триумфираше со 21:19.

Мечот тргна со водство на избраничките на Бетувски, кои во воведниот дел беа подобриот противник на теренот. Овче Поле Славјански Универзитет во првите десет минути во неколку наврати водеше со еден до два гола разлика. По водството на гостинките од 5:4, домашниот табор со серија од 4:0 направи пресврт, поведе со 8:5 и до полувремето беше имаше целосна контрола на резултатот. Деспина на пауза замина со предност од плус четири гола разлика, 12:8.

Домаќинките во продолжението, односно до последниот период беа во минимална предност. Деспина влезе во криза, а гостинот се врати во игра и само нијанси одлучуваа кој ќе ја добие денешната битка и трите бода.

Откако Деспина имаше водство од 18:16, гостинките успеаја да се консолидираат и со три гола во низа го презедоа водството во свои раце, поведоа со 19:18. Пред финишот беше 19:19, а тимот од Свети Николе со погодоците на Галевска и Павловска дојде до 21:19 и нови бода на свое конто.

Најефикасни во победничката екипа беа Елена Вучевска со седум и Анастасија Сентовска со пет погодоци. Во Деспина прв стрелец беше Михаела Петреска со седум гола.