Овче Поле не дозволи изненадување против дебитантот, со превсрт дојде до три бода

Екипата на Овче Поле СУ со победа ја стартуваше новата сезона во Женската лига откако на свој терен беше подобра од новиот суперлигаш, Астибо со 29:24.

Домашниот тим преку Конева и Вучевска стартуваше со почетно водство од 2:0. Избраничките на Дејан Величков направија серија од 3:0 и имаа водство од 3:2 по осум минути игра, а со вториот гол на Анчева и два гола предност, 5:3.

Во следниот период, Астибо имаше целосно контрола на играта и постојано го зголемуваше своето водство. Екипата од Штип на пауза замина со солидно водство од 15:9.

Овче Поле на стартот од второто полувреме со серија од 4:0, намали на само два негатива, 13:15. Ракометарките на Астибо првиот гол во вториот период го постигнаа дури во 40. минута преку Јованова.

Целосен пресврт на натпреварот се случи во 48. минута кога Вучевска го донесе првото водство на нејзината екипа после почетните 2:0 од 19:18.

Во последните десет минути, Астибо немаше доволно сила да се спротистави на поискусната екипа. Ракометарките на Овче Поле на пет минути пред крајот зголемија на 25:21 и резултатската предност рутински ја одржаа до самиот крај.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – АСТИБО            29:24 (9:15)

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Драган Јовановски и Иван Јованов. Делегат: Зоран Јовановски.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска, Стоилова, Павлова, Вучевска 4, Сентовска 2, Манева 3, Максимова, Велковска 3, Костова 2, Стојанова, Павловска 5, Гигова 3, Димова 1, Вучевска, Конева 6

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.

АСТИБО: Петрушева, Анчева 8, Д. Стојанова 5, О. Јованова 4, Карафиловска, Димова, Ташкова, Јовановска, Ананиева 3, Костадинова 2, П. Стојанова, Б. Јованова 2.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 4 мин.