Обрадовиќ: Стоилов ме удри со лакт, но не му замерувам, тоа е ракомет

Повратникот во македонскиот ракомет, Немања Обрадовиќ го кажа своето видување за победата од 31:22 против Вардар и вели дека клучните моменти биле падот на Вардар и нивното кревање кога голманот од Унгарија почна да брани одлично.

„Генерално, низ целиот натпревар покажувавме квалитет и го испочитувавме она што го договоривме. Клучниот момент веројатно беше падот на Вардар и неколку лесни голови на почетокот на второто полувреме кога се кренавме, а вардарци паднаа и малку енергетски. Имаше и многу важни одбрани на нашиот голман кои ја направија разликата и после само го донесовме натпреварот до крај“, вели Обрадовиќ за 24 Ракомет.

За дуелот кој го имаа со Стоилов, пак, вели дека е нешто нормално што се случува на ракометните натпревари и дека не му замерува на својот колега од противничкиот табор.

„Додека бевме во клинч со лакт ме закачи, па направи неспортски потег за што не гледам прилина. Не му замерувам. Тоа е спорт и ракомет така што ова е ривалство и сè е нормално“, изјави Обрадовиќ.

Ќе биде доста интересно при новата средба која следува веројатно и на турнирот во Струга.