PM - Norway vs Hungary, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Stockholm, 27.01.2023., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Норвешка убедливо против Унгарија, ќе игра за петто место со Германија

Ракометарите на Норвешка со победата од 33:25 над Унгарија се изборија во недела на последниот ден од шампионатот да играат во дуелот за петто место против Германија.

Од самиот почетокот на дуелот Норвешка покажа дека многу повеќе ја посакува победата и по 10 минути игра имаше предност од два гола (6:4). Резултатски неизвесно и игра гол за гол се играше до 25.минута кога Унгарија преку Анчин намали на 13:12. До крајот на првиот дел Норвешка имаше серија од три гола во низа и на полувреме беше 16:13.

Ракометарите на Норвешка постојано и постепено ја зголемуваа предноста и во финишот веќе ја имаа обезбедено победата откако по серијата од 5-1 во 55.минута имаа водство од 30:22. Оваа резултатска предност Норвешка ја зачува до крајот на дуелот.

Сандер Сагосен со 7 голови беше најефикасен на дуелот, додека кај Унгарија Мате Лекаи имаше реализација 6/6. Голманите на Норвешка имаа вкупно 13 одбрани, а Миклер на голот на Унгарија заврши со 9 одбрани.

Унгарија по поразот во недела ќе игра во дуелот за 7.место против Египет.