ЕП 2020: Норвешка и Шведска без грешка, тргнаа сигурно на Европскиот шампионат

Репрезентациите на Норвешка и Шведска забележаа победи на натпреварите од првото коло на кои се соочија сосоствите на Полска и Чешка.

Селекцијата на Норвешка успеа рано да го реши дуелот против Полска. Уште во првиот дел имаше предност која гарантираше мирно продолжение на средбата. Сè одеше според планот така што немаше никаков проблем околу тоа кој ќе победи.

После 17:13 на крајот од првите 30 минути, во вториот дел само беше продолжено во ист стил. Во ниту еден момент немаше ништо проблематично околу тоа кој ќе дојде до победа, па само се продолжи во ист стил. До крајот разликата стана и двоцифрена така што на крајот беше 35:22.

Ела Рајстад и Нора Мерк беа најефикасните со по шест гола во редовите на победникот, додека по петпати прецизни беа Ларсен и Херем. Во составот на Полска шест гола имаше Марта Гега.

Шведска наиде на силен отпор од Чешка. Нерешените 13:13 на крајот од првото полувреме беа надополнети и со пресврти во вториот дел. Чешките репрезентативки успеаја да дојдат до предност од 16:13 после четири минути. Имаа позитива во следните минути, но после 14:17, селекцијата на Шведска направи 4:0 и го сврте натпреварот во своја полза. После 18:18 следуваше доминација до крајот на натпреварот и веќе немаше шанса за пресврт.

На крајот беше 27:23 за составот на Шведска, па и на овој дуел не дојде до изненадување и сè беше според очекувањата.

Лин Блом со пет гола, како и Натали Хагман и Изабеле Гулден со по четири беа најефикасните на овој натпревар во победничкиот тим. Маркета Јерабкова од Чешка со осум гола беше најефикасна на средбата.