Норвешка и Хрватска први на терен во полуфиналето

Репрезентациите на Норвешка и на Хрватска ќе ја отворат полуфиналната битка на Европското првенство. Тие ќе ги одмерат силите в петок од 18 часот. Норвешка е единствената селекција која успеа да победи на сите средби досега, па утре ќе биде интересно да се види како ќе се снајде на теренот против Хрватска, која исто така е без пораз.

Актуелниот Европски првак, Шпанија исто така е во полуфинале. Оваа репрезентација својот натпревар против Словенија ќе го одигра во вториот термин од 20:30 часот, па и ова ќе биде доста интересен дуел иако Словенците покажаа најмногу слабости на првенството од четирите полуфиналисти.

Познато е како ќе се одвиваат натпреварите и во кои термини ќе се играат сите средби.

В сабота исто така ќе има два натпревари, а в недела останува само финалето со почеток во 16:30 часот.

ТЕРМИНИ ЗА ЗАВРШНИОТ ВИКЕНД НА ЕП

ПЕТОК, 24 ЈАНУАРИ

ПОЛУФИНАЛЕ

18:00ч

НОРВЕШКА – ХРВАТСКА

20:30ч

ШПАНИЈА – СЛОВЕНИЈА

САБОТА, 25 ЈАНУАРИ

НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО

16:00ч

ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

18:30ч

НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО

НЕДЕЛА, 26 ЈАНУАРИ

16:30ч

ФИНАЛЕ