Норвешка добива оштета од 150.000 евра – познато каде продолжува Берге

Селекторот на Норвешка Кристијан Берге објави дека заминува од селекторската позиција каде што помина цели осум години.

Берге имаше желба да се врати на клупскиот ракомет, а од норвешката федерација останаа на ставот дека не сакаат нивниот селектор да има и други обврски.

Порталот „tv2.no“ потврдува дека Берге кариерата ја продолжува во Колштад. Според нивните информации клубот на Ракометната Федерација на Норвешка ќе и плати 150.000 евра за да го ослободи Берге од договорот.

„Има договор меѓу ракометната федерација и Клоштад за купување на Берге. Неговиот договор со репрезентацијата важеше до 2025 година. Со крајниот исход мислам дека се задоволни сите страни. Верувам дека ова е одлука која ќе биде од корист на норвешкиот ракомет, Берге и Клоштад“, изјави претседателот на федерација, Коре Геир.

Дека Берге може да го предводи Клоштад се најавуваше уште од почетокот на октомври, но тогаш националната федерација не сакаше да го ослоби Берге.