Норвешка го потврди местото на ЕП, Франција и со втор состав ја демолира Летонија

Ракометарите на Франција и со втор состав на гостувањето кај Летонија дојдоа до рутински триумф од 38:19 (20:9), со што ја потврди доминацијата во својата квалификациска група.

Во последното коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024, селекцијата на Франција ќе ја пречека Италија.

Франција сега дојде до десет бодови и се зацврсти на првата позиција на табелата, Полска и Италија имаат по четири бодови и во текот на утрешниот ден двете репрезентации ќе имаат меѓусебен дуел за 2. позиција на табелата.

Норвешка во втората квалификациска група дојде до лесна победа над Словачка од 33:23 (17:12) и моментално на едно коло пред крајот се позиционира на првото место, односно го потврди пласманот на Европското првенство. Во оваа група се наоѓаат и репрезентациите на Србија и Финска.

Ракометарите на Норвешка сега имаат осум бодови, втора е Србија со два бода помалку од актуелниот лидер, но има и еден натпревар помалку, додека Словачка и Финска имаат по два бодови.