Нора Мерк: Добро е што ги одложија игрите, мојот сон е да играм во Токио

Една од ракометарките од Норвешка која има убедливо најмногу повреди во светот на ракометот, Нора Мерк и понатаму е оптимист дека ќе може да се врати на терените.

Иако таа доби совети од докторите да се откаже од играњето ракомет вели дека целиот живот го посветила на овој спорт и нема така лесно да се откаже туку напротив ќе стори што може за да дојде до место во репрезентацијата за игрите во Токио следната година.

За неа одлагањето е добро бидејќи добива можност да се најде во подобра форма.

„Ова е добра одлука за мене. Добивам повеќе време за да можам целосно да се вратам подготвена на терените. Олимписките игри секогаш ги сметав како едно од најголемите достигнувања во кариерата на спортистите, па така е и сега. Мојот сон е да играм на Олимпијадата во Токио и ќе се обидат да ја остварам оваа намера“, вели Мерк.

Дали Мерк ќе успее да се врати на терен и да биде подготвена за да настапи е тешко да се каже со оглед на фактот дека нејзините повреди се доста тешки и досега не можеше да фати ритам со настап во неколку сезони по ред.