Нов светски рекорд – Швеѓанец постигна три гола за 35 секунди (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Шведска и играч на Флензбург, Хампус Ване собори светски рекорд во најбрзо постигнување на три гола. На средбата против ПСЖ тој постигна три погодоци за само 35 секунди со што се запиша на вечната листа.

Првиот гол го постигна во 2 минути и 13 секунди за 2:2. Кога на семафорот стоеше 2 минути и 48 секунди, левото крило на Флензбург веќе имаше постигнато уште два гола.

„Ми кажаа подоцна. Не се чувствуваше дека сè се случи така брзо“, изјави Ване потврдувајќи дека во моментот кога ги постигнал головите не бил свесен дека постигнал рекорд.

На оваа средба тимот на Флензбург стигна до минимална победа од 28:27.