Нов репрезентативец во Битола: Жарко Пешевски потпиша за Еурофарм Пелистер!

Тоа што одамна се знаеше во ракометните кругови, денеска доби официјализација. Македонскиот кружен напаѓач Жарко Пешевски потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и по четири сезони се враќа во Македонија.

Пивотот Пешевски доаѓа во Битола, по интернационалните искуства во украинскиот Мотор Запорожје каде остана една сезона и во бундеслигашот Штутгарт, каде ја игра третата бундеслигашката зона.

Во нашата земја, македонскиот репрезентативец го носеше дресот на Металург, со кој има искуство и во СЕХА лигата и во Лигата на шамионите.

Пешевски е шесто засилување за битолчани, кои годинаваа имаа голема шанса да го симнат Вардар од врвот и по 17 години да донесат титула, но не успеаја во намерата. Претходно потпишаа голманот Урбан Лесјак, бековите Усама Хосни, Вилсон Дејвис и Руди Сери, како и пивотот Денис Василев.

Од македонските репрезентативци тука се Ненад Костески, Мартин Велковски, Марко Кизиќ, Гоце Ојлески…

Битолчани би требало да добијат директно место во групната фаза од Лигата на Европа следната сезона, но конечниот список на екипи што ќе играат во ова натпреварување ќе биде познат кон средината на јуни.