Нов предизвик за Македонецот: Дарко Димитриевски се сели во Германија!

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски по три сезони ќе си замине од Шпанија и Асобал Лигата.

Тој потпиша договор на две сезони со германскиот тим ТВ Емсдетен, што настапува во Втората Бундес лига.

27-годишниот лев бек имаше одлични настапи за Синфин, па го привлече вниманието на другите клубови.

Димитриевски во Македонија играше за Куманово, Борец, МРК Вардар и Металург, а во странство беше дел од катарскиот Катар Спорт, шпанските Сагунто и Адемар Леон, унгарскиот Чурго, како и израелскиот Хапоел Ашдод.