Ново признание за Десподовска, играч на колото во Полска (ФОТО)

Интернационалката од Македонија во шампионатот на Полска, Зорица Десподовска после одличните игри со ново признание.

Таа е играч на последното коло во Полска откако при гласањето на Фејсбук страницата на Супер лигата на Полска доби најмногу гласови.

Десподовска сезонава ја игра во одлична форма и е лидер во својот тим така што покажува дека е од големо значење за составот на Кобиржице.

И во минатото коло исто така се најде во најдобрите три ракометарки и беше дел од тим на колото, но сега заслужено е најдобра бидејќи е една од најдобрите во својот состав и покажува дека е во репрезентативна форма.