Ново ефикасно издание на Гроздановска во победата на Винтертур

Македонската интернационалка Симона Гроздановска која настапува во првенството на Швајцарија во екипата на Винтертур славеше нова победа со својот тим откако на домашен терен ја совладаа екипата на Цуг со 31:30.

Гроздановска беше уште еднаш многу ефикасна и постигна шест гола на овој натрпевар од кои четири беа од седмерец. Таа беше втор стрелец зад Мина Васиќ која постигна 13 гола.

Винтертур забележа победа благодарение на доброто издание во првото полувреме кога водеше 19:14. Во продолжението Цуг успеа да намали и да дојде во ситуација да избегне пораз но не успеа.

Гроздановска и Винтертур се наоѓаат на 4. позиција на табелата во 15 бодови, а во следното коло ќе се сретнат со екипата на Кројзлинген која е едно место под нив на табелата.