Нови термини за средбите со ПСЖ и Порто – Вардар ќе игра два меча од ЛШ во четири дена!

Вардар ќе го одигра својот заостанат натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ на 1 декември 2020 во Париз.

Клубовите во соработка со ЕХФ договорија нов термин, откако претходно средбата беше одложена поради два случаи на заразени членови на Вардар, а беше планирана за крајот на октомври.

Со тоа Вардар ќе одигра еден од трите одложени натпревари. Останува да се договорат дополнителните термини за дуелите со Елверум во Скопје и ПИК Сегед во Унгарија кои исто така беа одложени на почетокот на сезоната.

Истовремено направена е промена и на терминот за средбата со Порто, исто така гостински натпревар што сега ќе се одигра на 4 декември. Овој меч првично беше планиран за 3 декември.

Но, откако беше договорено дека прво Вардар ќе игра во ПСЖ на 1 декември, договорено е средбата во Португалија да биде поместена за 1 ден.

1 декември 2020 (вторник) ПСЖ – Вардар (18:45 чaсот)
4 декмеври 2020 (петок) Порто – Вардар (20:45 часот)