Новите кадети со реми отворија на Балканското првенство во Бугарија

Ракометарите кои ќе бидат дел од кадетската селекција која следното лето ќе игра на ЕХФ-шампионатот во Скопје, денеска го одиграа првиот официјален натпревар, а против домаќинот Бугарија обезбедија реми од 25:25.

Во првиот дел од средбата селекцијата на Бугарија беше во водство од два гола. Бугарите имаа 15:13, но во вториот дел одбраната заврши работа и на противникот му беа дозволени само 10 погодоци.

Ова беше прв дуел, а според информациите од Бугарија на овој натпревар правдата ја делеле домашни судијки кои влијаеле на играта и на резултатот на крајот.

Утре следува меч против Романија од 15 часот, а потоа в недела од 9 часот дуел против тимот на Пирин 64.

МАКЕДОНИЈА: Ацевски, Тодески 1, Атанасијевиќ 1, Митев 4, Омерагиќ 1, Ташевски 3, Ивановски 6, Илиевски 1, Христовски 1, Ѓорговски 1, Грујовски 1, Ставревски 5, Андрески, Ивановски, Калајџиоски, Стојчевиќ