„Новиот“ Микел Хансен ќе игра во Битола

Еден од големите надежи на данскиот ракомет, Томас Арнолдсен, денес заедно со тимот на Архус му гостуваат на Еурофарм Пелистер во рамки од првото коло од Лига на Европа.

Младиот ракометар, кој има 20 години, од следното лето, односно од јуни, 2023 ќе настапува за скапиот проект на Алборг и за првпат ќе има можност да игра во Лига на шампионите.

Средниот бек пред да се договори со Алборг, беше на мета на голем број дански клубови, а тамошните медиуми неговите квалитети ги споредуваат со оние на Микел Хансен.

Арнолдсен ланската сезона беше меѓу најдобрите стрелци во данскиот шампионат, постигна 153 погодоци и зад своето име запиша 143 асистенции, со што си обезбеди повик во сениорската репрезентација на Данска.

На реванш натпреварот против Кристијанштад во рамки од второто коло од Лига на Европа постигна шест погодоци и беше меѓу најзаслужните за пласманот на Архус во групната фаза во второто по ранг европско натпреварување.