Новиот вардарец со три трофеи доаѓа во Скопје: Кудуз беше МВП, Динамо Букурешт го освои Купот

Ракометарите на Динамо Букурешт во големото финале во Купот на Романија триумфираа убедливо против Констанца со седум разлика, 27:20.

Оваа титула во Купот за Динамо Букурешт е шеста во нивната клупска историја. Екипата на Динамо Букурешт беше победник во романскиот куп во 1979, 1982, 1988, 2017, 2020 и 2021.

За МВП на завршницата од Купот на Романија беше прогласен новиот ракометар на Вардар, Анте Кудуз.

Хрватскиот интернационалец во финалниот натпревар беше втор стрелец во неговата екипа со седум постигнати гола од девет обиди и заслужено ја освои наградата, МВП.

Претходно Динамо Букурешт ја освои титулата во шампионатот.