Нова промена за ЕП: И Данска ќе биде домаќин во еден град

Откако пред изевесно време стана познато дека натпреварите на Европското првенство во декември во Норвешка место во два ќе се играат во еден град, сега за истото дојде потврда и од Данска каде што поради пандемијата со коронавирусот натпреварите се селат само во еден град.

Репрезентациите кои ќе играат во Данска тоа ќе го направат во Хернинг така што Фредриксхафен отпаѓа од комбинација.

Што се однесува до натпреваите во Норвешка тие ќе се играат само во Трондхајм, па ова е вториот град каде што ќе се играат средбите.

Инаку, во и во Хернинг и во Трондхајм прво ќе се играат по две групи од првата фаза, а потоа новоформираните групи од втората фаза исто така ќе се играат по една во двата града.

Ваквиот чекор е направен поради ситуацијата со пандемијата на Ковид 19 и заштита на ракометарките односно да нема многу патување од град во град и сè да остане во едно место.

Завршниот викенд односно полуфиналните средби и дуелите за медали ќе се играат во Трондхајм.