„Новата Лакрабер“ стана „црвено-црна“

Тимот на Ница, кој е предводен од македонскиот стратег Марјан Колев, донесе две засилувања за следната сезона.

Станува збор за десниот бек Барбара Морето и за десното крило Кимберли Бушар, кои во минатата сезона настапуваа за тимот на Дижон.

Морето, иако има 26 години, дури сега е во центарот на вниманието на француската јавност и ја нарекуваат „новата Лакрабер“, бидејќи по стилот на игра наликува на некогашната членка на Вардар, Александра Лакрабер.

Ница сезонава беше пред пласман во плеј-оф, но коронавирусот го прекина шампионат и „црвено-црниот“ тим на Колев остана без шанси да се бори за место во Европа.