Ни осум разлика не им беше доволна на Белорусите, на крај се спасија од пораз

Селекциите на Шведска и Белорусија одиграа нерешено, 26:26, во последниот натпревар од денешната програма во Групата 4. Белорусите испуштија предност од дури осум гола, а во последните секунди спасуваа реми и успеаја да дојдат до значаен бод.

Од почетокот на средбата се виде многу големо расположение на теренот кај ракометарите на Белорусија кои играа фантастично. Ги затворија приодите кон својот гол и лесно реализираа, па почнаа брзо да ја зголемуваат разликата.

Имаа 5:1 во отворањето на средбата, а овие четири погодоци разлика овозможија натпреварот да продолжи во одличен ритам и да може да се диктира темпото на овој дуел.

Швеѓаните не можеа никако да се „состават“ и да заличат на селекцијата која во првиот круг доминираше во Групата Г. Најголемата негатива за Шведска беше осум гола во 23. минута. Тогаш резултатот беше 5:13, па мораше да се консолидираат редовите.

До крајот на првото полувреме Швеѓаните се вратија во потребниот ритам и намалија, па на одмор заминаа со 11:15.

Во вториот дел од натпреварот Белорусите беа далеку од играта која ја прикажаа во првите 20 минути од средбата. Попуштија и дозволија Шведска постојано да се доближува. Сепак, на Швеѓаните им требаше време за да стигнат до предност и успеаја да поведат дури во 50 минута од натпреварот кога имаа 22:21.

Од тој момент се тргна во игра гол за гол, при што Белорусите израмнуваа. До крајот на средбата одеше во ист стил, а Јуринок на 2-3 секунди до крајот го постави конечниот резултат од 26:26. Иако водеа осум разлика, сепак, мораше да се радуваат на бод бидејќи тие реализираа за реми на овој дуел, па најавија многу возбудувања во оваа група до крајот кога е во прашање битката за пласман во четврт-финалето.

20 јануари 2021
26 - 26
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
20 јануари 2021 22:03 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2020/2021 20,01,2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ШВЕДСКА1126Реми
БЕЛОРУСИЈА1526Реми

ШВЕДСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Јонатан Карлсбогардлев бек02
5Макс Дарјпивот10
8Алфред Јонсонлев бек06
11Даниел Петерсондесно крило03
12Андреас Паличкаголман00
15Хампус Ванелево крило07
16Микаел Агефорсголман00
18Фредрик Петерсонпивот10
19Феликс Кларцентрален бек13
22Лукас Пеласлево крило00
24Џим Готфридсонцентрален бек01
26Линус Персондесен бек00
33Лукас Санделдесен бек04
62Валтер Хринцдесно крило00
66Антон Линдскогпивот00
28Јонатан Едвардсонцентрален бек00
 Вкупно 326

БЕЛОРУСИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Владислав Кулешлев бек22
7Арцјом Кулакцентрален бек01
9Алех Астрашапкиндесен бек03
17Владислав Кривенкалево крило00
20Алексеј Кишуголман00
23Андреј Јуриноклево крило06
33Иван Марозголман00
42Алексеј Ушалпивот10
43Арцјом Селвасјукпивот00
47Александар Падшивалавцентрален бек00
50Арцем Каралекпивот15
55Никита Вајлуповдесно крило06
62Кирил Самоилалев бек00
74Вјачеслав Боканпивот01
95Вадим Гајдученкоцентрален бек02
98Никалај Алохиндесен бек00
 Вкупно 426

Officials

Судии:
Џули Бонавентура -Франција
Шарлот Бонавентура -Франција
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА54109
2ЕГИПЕТ54018
3ХРВАТСКА53117
4БАХРЕИН52034
5САД51042
6БЕЛГИЈА50050