Ништо не се остава на случајноста: Вардарци в петок ќе се тестираат на Ковид-19!

Ракометарите на европскиот шампион Вардар в петок ќе се тестираат на коронавирусот пред стартот на подготовките за новата сезона.

Во очекување на протокол за тренинзи во сала на екипните спортови, вардарци ќе го имаaт првиот собир на отворено на 18 јули в сабота, а тогаш ќе биде одржан и првиот тренинг.

По еден ден одмор, в понеделник продолжуваат подготовките кои ќе се одвиваат во Скопје, пред вардарци да се појават на Струшкиот турнир, кој ќе се игра од 12 до 16 август.

Неизвесно останува учеството на турнирот во Кањижа, кој треба да се одржи од 21 до 23 август, а покрај Вардар би требало да играат ПИК Сегед и Нексе.

Тренерот Стевче Алушовски веројатно ќе ги има на располагање сите нови ракометари на првиот собир – Кантегрел, Јагуриновски, Талески, Вујин, Векиќ, Георгиевски, Гаџа, Јотиќ и Валчак.