Ниту Кил не е имун на корона-кризата, сите во клубот се откажуваат од платите

Во овие кризни моменти кои се предизвикани од пандемијата на коронавирус секоја помош за клубовите е добредојдена за да се ублажат последиците.

Како и во некои други тимови низ Европа, така и ракометарите, тренерите и вработените во Кил се откажуваат од своите плати за поддршка на клубот.

„Сите ја донесоа оваа одлука едногласно. Целиот персонал ќе аплицира за привремените мерки за невработени, а исто така сите ќе се откажат од дел од платата во клубот “, рече Сабина Холдорф-Шуст, управен директор на Кил.

Исто така и капитенот на Кил ја потврди одлуката на сите вработени во клубот да се откажат од платите и нагласи дека сега е вистинско време сите да се однесуваат како семејство.

„Ние сме како семејство и мора да останеме заедно и во добри и во тешки времиња. Сите ние должиме многу на клубот, спонзорите и навивачите. Денес повеќе од кога било важно е да се бидеме како тим. Се надеваме дека наскоро ќе можеме повторно да ги доживееме најубавите моменти на ракометот “, рече капитенот на„ Кил “ Домагој Дувњак .