Николов и Начевски ќе им судат на светскиот првак и на најголемото изненадување на ЕП

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 4 коло во главната рунда.

Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, по перфектно отсудените три натпревари досега, добија нова задача.

Тие ќе го судат натпреварот меѓу светскиот првак Данска и најголемото изненадување на ЕП, Холандија што ќе почне од 20:30 во „МВМ Арена“ во Будимпешта.

Делегат на средбата е Виктор Поладенко од Русија.

Во другите два меча од групата 1 ќе се соочат Исланд и Хрватска, односно Црна Гора и Франција.