Николовски и Металари во Констанца, Митревски и Тодоровски во Москва

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.

Меѓу нив има и две македонски двојки, а тоа се Ненад Николовски – Исмаил Металари и Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Николовски и Металари ќе го судат реванш дуелот меѓу Констанца и Висла Плоцк на 28 септември од 18:45 часот.

Митревски и Тодоровски ќе бидат главни на реваншот во Москва меѓу ЦСКА и францускиот Ним на 28 септември од 18:45 часот.