Никола Костески креатор на првата победа за Линц

Интернационалецот од Македонија во првенството на Австрија, Никола Костески одигра одличен натпревар во дресот на Линц на гостувањето кај Брегенц.

Тимот на Линц конечно дојде до победа, а до двата поени дојде со резултат од 30:26, но тоа не беше доволно за да се напушти последната позиција на табелата.

Костески имаше одлично издание и во својот тим беше најефикасен. Постигна шест гола така што продолжуа да покажува дека е во одлична форма.

Со оваа победа тимот на Линц после девет кола има три поени, а тоа е само еден помалку од претпоследниот Грац.

Според тоа како игра тимот на Костески ќе биде тешко да се обезбеди опстанок така што е сосема извесно дека ќе мора да во плеј-аут лигата и таму да се направи сè што може за да се издржи односно да се задржи прволигашкиот статус.