Не планира крај – Виран Морос на 37 години стана „лисица“

37-годишниот шпански интернационалец Виран Морос ќе има нов предизвик во кариерата, иако се очекуваше да каже крај.

Шпанецот потпиша договор на една сезона со тимот на Фуксе Берлин, кој ја освои титулата во Лигата на Европа.

Морос по заминувањето од Барселона три сезони мина во францускиот ПСЖ, но ниту еднаш не ја освои ЛШ.

„Многу сум среќен што ќе играм за Фуксе Берлин, им благодарам на Ханинг и Кречмар за довербата во мене и за укажаната шанса. Со нетрпение чекам да започнам со тренинзи и натпревари со новиот клуб“, изјави Морос.

Тој ќе биде замена за хрватскиот интернационалец Јаков Гојун, кој ги засили редовите на Загреб.