Не одиграа ниту еден квалификациски дуел, а обезбедија групна фаза во Лигата на Европа

Во 3. коло од Лигата на Европа во женска конкуренција најверојатно ќе има само неколку дуели бидејќи повеќето од клубовите одбија да се натпреваруваат поради ситуацијата која владее низ целиот свет со коронавирусот.

Последниот тим кој испрати писмо до противникот и до ЕХФ и ги извести дека нема игра е германскиот Мецинген.

Овој клуб за ривал го имаше Кубан од Русија, а во писмото за откажување стои дека клубот одбива да игра поради тешкотиите во кои се најде Германија после заострувањето на епидемиолошкта состојба. Поради тоа клубот се откажува, а Кубан оди понатаму, пишува реномираниот руски портал „Брз Центар“.

Она што е интересно е дека Кубан не ги одиграни ниту натпреварите од 2. коло бидејќи шведскиот Луги исто така се откажа од настапот во Лигата на Европа. Оттаму Кубан без борба се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа.