Не знае дали ќе се врати на терен во декември, но селекторот ја стави на список за СП

Една од најдобрите ракометарки на Холандија, Естевана Полман заздравува од повредата на коленото, но уште е далеку од враќање на терените.

Според она што таа го изјавува прашање е дали ќе биде подготвена за да може да биде подготвена за игра во декември. Доколку биде сè во најдобар ред тогаш втората половина на декември би било реално да може да игра или најдоцна јануари. Сепак, во моментов ситуацијата не е толку оптимистичка.

И покрај ова селекторот на Холандија, одлучи да ја вброи Полман меѓу ракометарките кои ќе се најдоа на проширениот список од 35 ракометарки.

„Најчесто има планови А и Б, но понекогаш тие опции не функционираат, па треба да имате и план Ц или план Д. Така дојдов до оваа ситуција. После операцијата е тешко да се вратите назад во ритам бидејќи на зглобот му треба поттикнување за движење. Сега треба да работам сто илјади пати повеќе за да профункционира коленото. Работам напорно, но ќе ми треба време“, вели Полман.

Холандија од 25 до 28 ноември ќе биде дел од турнирот во Норвешка, каде ќе играат и репрезентациите на Русија и Јужна Кореја. На овој турнир ќе има место за 21 ракометарка.