Не е само Веспрем – и „лисиците“ од Берлин почнаа да „крадат“ вардарци! (ФОТО)

Тимот на Веспрем во последните две сезони ангажираше голем број на поранешни ракометари на Вардар.

Почнувајќи од Арпад Штербик, преку Вуко Борозан, Дејан Манасков и Рожерио Мораес, до последните трансфери на Данил Шишкарев и Хорхе Македа. Тука се и тренерот Давид Дејвис, како и кондицискиот тренeр Марија Лојаница.

„Ако сакаш да си шампион – купи си вардарец“, се чини дека не важи само за Веспрем. Германскиот Фуксе Берлин го продолжува тој тренд. „Лисиците“ од Берлин не можат да бидат европски шампион, но сакаат да бидат конкурентни за титулата во Бундес лигата.

Со ангажманот на Даинис Кристопанс, добија подобар шутер од Марко Копљар на десната бековска позиција, а на почетокот на сезоната во Берлин се пресели голманот Дејан Милосављев, со што добија голема сигурност меѓу стативите. Од пред две сезони во Фуксе игра уште еден поранешен вардарец, Мијајло Марсениќ.

Тројцата поранешни членови на „црвено-црните“ што славеа титули со Вардар не ја пропуштаат шансата и во Берлин да ја продолжат скопската дружба.