„Не гледам никој подобар од мене и знам колку вредам“

Капитенот на Келце, Алекс Душебаев во интервју за клупската страна на полскиот шампион зборуваше за својата кариера, конкуренцијата во Лигата на шампионите со ПСЖ, судењето, новите трансфери и други ракометни теми.

Репрезентативецот на Шпанија на прашањето – Кој е најдобар ракометар во светот, имаше интересна констатација.

„Нема да кажам кој е најдобриот играч на светот, бидејќи нема да се чувствувам најдобро. Но, јас не гледам никој подобар од себе! Ја знам мојата вредност и чувствувам дека сум на највисоко ниво и можам да се натпреварувам со секого. Мислам дека Сандер Сагосен и Микел Хансен се на исто ниво, многу ми се допаѓа нивната игра. Штета е што не можете да се споредувате со голмани, бидејќи секоја позиција има различни карактеристики“, изјави Душебаев.

Во текот на месец јуни оваа година, Душебаев одлучи да ја продолжи соработка со Келце до 2026 година. Во Келце ракометарот од Шпанија настапува уште од 2017 година.