Несудениот пелистерец останува во Адемар Леон

Српскиот репрезентативец Марко Милосављевиќ иако на своја адреса има неколку понуди за следната сезона, сепак, нема намера да го напушти Адемар Леон.

Милосављевиќ беше посакуван во редовите на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, но двете страни не постигнаа заеднички договор.

Левиот бек, кој со Адемар Леон има важечки договор на уште една сезона, исто така беше поврзуван со трансфер во амбициозниот вицепрвак од Србија, Партизан.

24-годишниот ракометар не размислуваше многу и се одлучи да го одработи до крај договорот со поранешниот учесник во Лигата на шампионите.

Адемар Леон направи промена на тренерската позиција, си замина Маноло Каденас и клубот во следните две сезони ќе биде предводен од некогашниот тренер на Мешков Брест, Даниел Гордо.