Несекојдневно достигнување – Шоу на Табаков во Велес, постигна 22 гола!

Претставниците од Велес во машката кадетска лига, Бисинов и Борец, одиграа без победник, 41:41, во натпревар од 7. коло од Групата А.

Во салата при ООУ „Блаже Конески“ беа постигнати вкупно 82 погодоци. Нерешено беше и на полувреме, 22:22, а во вторите 30 минути, двете екипи постојано се менуваа во водство.

Ракометарите на Бисинов можеа да дојдат до победа, но во последниот напад не успеаја да дојдат до реализација.

Свое шоу на теренот имаше незапирливиот Илија Табаков, кој постигна вкупно 22 погодоци за Борец, додека своја поддршка имаше од Антониј Андоновски и Никита Димовски, кои постигнаа по шест погодоци.

Во составот на Бисинов се истакнаа Александар Ристовски со 11, Мартин Иванов со осум и Панче Ристевски со шест погодоци.