Неприфатливо однесување: Тренер го фати за дрес и го исфрли од терен својот играч (ВИДЕО)

Тренерот на младинскиот тим на ЧСМ Букурешт, Јулијан Стамате имаше неоправдано насилничко однесување кон еден од своите ракометари за време на завршниот турнир во романското првенство за младинци.

Поранешниот пикер на Романија незадоволен од резултатот на неговиот тим повика тајм-аут, а целата лутина ја исфрли на едно од децата кое го фати за дресот и го исфрли од теренот.

Ова однесување на тренерот е неприфатливо, а целиот настан се случил токму пред луѓето од федерацијата на Романија кои присуствувале на натпреварот. Настанот може да го погледнете во следното видео од „Про Спорт“…