Неочекуван трансфер: Играше во најдобрите европски клубови, сега се враќа дома!

Репрезентативката на Шведска, Сабина Јакобсен во продолжението од оваа сезона ќе го носи дресот на шведскиот суперлигаш Луги.

Искусната Јакобсен, која во својата кариера настапуваше заедно со Сара Ристовска во ЦСКА Москва, ќе биде второто големо засилување за екипата на Луги по Изабел Гулден.

На почетокот на сезоната, раководството на Луги успеа во своите редови да ја донесе Гулден, но и покрај доаѓањето на големата ракометна ѕвезда, клубот не успеа да оствари забележителни резултати и моментално се наоѓа на последното место во шампионатот на Шведска.

Клубот од Шведска во рамките од третото коло од Европскиот Куп беше елиминиран од Михаловце, во кој настапува македонската репрезентативка Александра Коловска.

Јакобсен до неодамна настапуваше за Рокаса од Шпанија. Претходно го носеше дресот на ЦСКА Москва, Дунареа Браила, ЧСМ Букурешт, Икаст и Рандерс. Во Луги настапуваше на почетокот на нејзината кариера.