Необична прес конференција пред ЕП: Австријците ќе одговараат само на прашања од деца!

Се ближи стартот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, а еден од домаќините Австрија, на 1 јануари ќе го започне финалниот дел од подготовките за континенталниот собир.

Прес конференција е закажана за 3 јануари, но австриските ракометари и стручниот штаб нема да одговараат на прашања од медиумите кои не се поканети, туку на деца.

Единствениот услов што треба да го исполнуваат е да имаат од 8 до 12 години.

Австрија е во групата Б во Виена заедно со нашата репрезентација, Украина и Чешка.