Ненад Костески се повреди, Лазаров повика нов ракометар за реваншот

Репрезентацијата на Македонија утре ќе го игра првиот натпревар бараж двомечот против репрезентацијата на Чешка, репрезентативците денес летаат за Злин, додека за реваншот во Скопје ќе имаме нов ракометар во нашиот ростер.

Мартин Поповски се враќа во репрезентацијата и ќе биде на располагање за реваншот во Скопје во кој се надеваме дека ќе имаме добар резултат од Злин.

Македонскиот ракометар зад себе има одлична сезона во Швајцарија и еден од најдобрите стрелци на тимот на Амичитија.

Во репрезентацијата Поповски доаѓа на местото на повредениот Ненад Костески. Претходно од првичниот список покрај Костевски отпаднаа Марко Кизиќ, Дарко Кондев, Павле Атансијевиќ и Марко Стојковиќ.

Македонија со 18 ракометари во Злин