Македонија со 18 ракометари во Злин

Maкедонската репрезентација утре ја очекува првиот натпревар од двомечот против Чешка во баражот за пласман на Светското првенство.

Во првиот натпревар ќе играме на гости во Злин, а од првичниот список за овој дуел во нашиот ростер отпаднаа петмина ракометари. За овој прв натпревар нема да сметаме на Марко Кизиќ, Дарко Кондев (Тиквеш), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Павле Атансијевиќ (Еурофарм Пелистер) и Марко Стојковиќ (Алкалоид).

Сите петмина ќе останат во комбинација за реваншот во Скопје.

Конечниот список на Македонија за реваншот ќе изгледа вака: Никола Митревски, Мартин Томовски, Гоце Ојлески, Петар Атанасијевиќ, Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски, Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Мартин Серафимов, Јагуриноски Томислав, Кирил Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Мишевски, Филип Миркуловски, Марко Митев, Ѓоѓиев Игор и Михајло Младеновиќ.

Натпреварот во Злин утре се игра во терминот од 20:15 часот.