Нема повеќе билети – мечот за отворањето на СП е распродаден!

Првиот натпревар на Мундијалот во Полска и Шведска, ќе се одигра на еден порано од сите други, а за него веќе нема билети во продажба.

Еден од домаќините, Полска, ќе се соочи со фаворитот Франција на 11 јануари во Катовице со почеток во 21:00 часот.

На социјалните мрежи на првенството е објавено дека нема повеќе билети, па Французите освен полските ракометари, ќе ја имаат и цела сала против себе.

За другите натпревари се уште има билети во продажба, a Македонија ќе игра во „Таурон Арена“ во Краков и ќе игра против Норвешка, Аргентина и Холандија.