Нема лепак – има проблеми (ВИДЕО)

Од почетокот на овој месец натпреварите под капата на ЕХФ и ИХФ се играат со нови топки без лепак.

Очигледно ќе биде потребно некое време ракометарите и ракометарките да се навикнат да играат со вакви топки, судејќи според тоа што се случува при изведувањето на пеналите.

На два од викенд натпреварите од Европското првенство во Португалија и од ЕХФ шампионатот во источниот сосед на Македонија, имаше две комични ситуации.

На двајца ракометари од Данска и од Украина, на средбите со Германија и Македонија им испадна топката од рацете.

Погледнете…