Нема крај на проблемите во Кил, се повреди и Вајнхолд

Екипата на Кил се соочува со големи проблеми, откако уште еден од главните ракометари се повреди во натпревар од Бундес лигата.

Раководството на ,,зебрите” денес соопшти дека искусниот Штефан Вајнхолд, кој настапува на позицијата десен бек, ќе отсуствува одреден временски поради повреда.

Искусниот ракометар во натпреварот против Гумерзбах ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено, а според проценката на лекарите Вајнхолд ќе паузира околу три месеци и неговиот камбек на терените се очекува да биде во месец март следната година.

Кил на десната бековска позиција ги има на располагање Харалд Рајнкинд и Хенри Пабст.

Тимот на Јиха, исто така остана без услугите на Магнус Ландин, Ериг Свен и Ерик Јохансон, кои исто така отсуствуваат поради повреда. На терените пред неколку дена се врати Сандер Сагосен, кој се уште не е целосно опоравен, а на почетокот на оваа сезона повредени беа Хенрик Пекелер и Руне Дамке.

И покрај проблемите, тимот на Кил во претходното коло од Лигата на шампионите ремизираше против актуелниот европски шампион Барселона.