Нема „дил“ меѓу Херона и Партизан

Иако беше најавено, па дури и потврдено низ некои од српските медиуми, доаѓањето на Тони Херона во Партизан најверојатно нема да се случи.

Шпанскиот стратег беше долго време во комбинација за заменик на Дарио Кржељ на клупата во Партизан, но преговорите не беа успешни.

Поранешниот тренер на Шарт и селектор на Србија, во иднина ќе продолжи да ја извршува само селекторската функција.

Партизан доби ново раководство, кое ќе тргне во потрага по нов тренер и засилувања за играчкиот кадар.

Досега од Партизан заминаа тројца ракометари – голманот Андреј Трнавац во Војводина, левиот бек Стефан Петриќ во Вардар и пивотот Мартин Варга во Слован.