Немаа селектори со Мастер коуч лиценца, па ЕХФ ги казни!

Европската ракометна федерација денеска објави дека ги казни ракометните федерации на Србија и Босна и Херцеговина.

Двете федерации се казнети со 3.500 евра затоа што за време на Европското првенство на почетокот на годинава имале селектори што ја немаат потребната лиценца.

Билал Шуман и Предраг Перуничиќ ја немале Мастер Коуч лиценцата и затоа нивните федерации ќе мора да и платат на ЕХФ.

Шуман се уште ја води селекцијата на Босна и Херцеговина, додека Перуничиќ беше заменет со Тони Херона