Нексе се засили со лево крило, потпиша Карло Годец

Додека некои клубови ги почнуваат подготовките за новата сезона, Нексе од Хрватска продолжува да ги пополнува испразнетите позиции со нови ракометари.

Во екипата на Нашице пристигна младиот и перспективен ракометар од Дубрава, Карло Годец кој потпиша двегодишен договор со Нексе.

22-годишниот ракометар игра на позиција лево крило, а раководството на Нексе го посакуваше во своите редови по неговите добри настапи за младинската репрезентација на Хрватска.

Пред неколку месеци, Годец заигра и во сениорскиот дрес на Хрватска во рамките на ЕХФ Евро Купот.

Од 2017 година настапува за екипата на Дубрава и стекна доволно искуство со настапите во ЕХФ Купот и Лига на Европа. Пред да пристигне во Дубрава, 11 години играше за Медвешчак Загреб.

Во Нексе пред извесен период пристигнаа првите засилувања, Миха Кавчич и Предраг Вејин.