Нексе и Тамше во љубов до 2025 година!

Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице, кој имаше историска сезона во домашните и европските натпреварувања, има амбициозни планови и за наредните сезони.

Дел од убавата приказна на Нексе останува и словенечкиот стратег Бранко Тамше, кој го продолжи договорот до 2025 година, иако имаше активен до крајот на следната сезона.

„Нексе е голем клуб и сериозно пристапува кон сите нешта. Цврсто верувам во овој проект кој е сериозен и долгорочен и драго ми е што сум дел од него и ќе продолжам да бидам. Ова е убава спортска приказна на здрави нозе и тоа треба да се цени. Ќе уживаме во ракометот како и досега и ќе работиме многу. За следната сезона ветувам најмалку повторување на ваквиот успех, а во хрватското првенство уште подобар резултат“, изјави Тамше.

Нексе загуби во финалната серија од Загреб со 3-1 во победи, додека на завршниот турнир во Лигата на Европа беше поразен од Магдебург во полуфиналето и од Висла Плоцк во битката за третото место.