Некогаш играше против Кометал: Ја заврши кариерата на 21 година, а сега работи како програмерка

Русинката Елена Чаусова имаше потенцијал да стане една од најголемите ѕвезди во ракометот, сепак таа одлучи сепак да не заработува од спортот и одбра друга професија.

Во 2001 година Чаусова беше светска шампионка со репрезентацијата на Русија. Сè изгледаше дека пред неа е светла иднина и многу големи успеси, но таа одлучи на се насочи во друг правец и започна да се занимава со развивање апликации за мобилни телефони.

Русинката често патува во САД, а Њујорк ѝ е омилен град. На ракометот Елена се навраќа многу ретко. Во овој момент е ко-сопственик на прграмерска фирма за изработка на мобилни апликаци со нејзиниот сопруг во САД.

„Мојата кариера се доближиваше до врвот, но јас бев во брак и требаше да изберам ракомет или нормален живот. Ако го одберев ракометот тоа ќе значеше одалечување со сопругот, но јас не сакам таков живот. Можеби моето заминување за некој беше неочекувано, но никој не ме праша ништо. Сфатив дека ракометот не е главната работа на овој свет. Го остварив мојот спортски сон и започнав нов живот“, објасни Елена Чаусова во интервју за „Брз Центар“.

Елнена Чаусова како членка на АКВА Волгоград, својата кариера ја заврши на 21 година, а имаше и настапи против тогашниот најдобар женски клуб од Македонија, Кометал ЃП. Русинката со својта репрезентација има освоно еден златен медал од големите натпреварувања.