Некогаш беа полни – како изгледа микс зона после натпревар во корона време (ФОТО)

Ракометните натпревари веќе почнаа да се играат – некаде без публика, некаде со публика, некаде без новинари, некаде со новинари на трибините.

На завршниот турнир во регионалната СЕХА лига што се одржува во Задар, има мал број на гледачи на трибините, а присутни на местото на настанот се само хрватските новинари.

Оние од Белорусија, Унгарија, Македонија…се дел од микс-зоната, онлајн, и имаат можност да комуницираат со актерите на теренот.

Како и ракометарите, така и ние, новинарите, се навикнуваме на работа во корона време.

Ако до ланската сезона, микс-зоните на големите натпреварувања и завршните турнири во меѓународните конкуренции беа преполни со редица новинари, и се чекаше ред да се стигне до соговорник, сега играчите „комуницираат“ со лаптопи, таблети, мобилни телефони…